Дончиќ: Не можав да дишам, ме боли коленото, но не се предавам!
Дончиќ имаше големи потешкотии за време на натпреварот затоа што има болки во коленото, но има проблеми и со дишењето.
„Не можев да дишам низ нос, па морав да го издувам неколку пати. Коленото ми е полошо по мечот, но ќе направам сè што е во моја моќ за да бидам подготвен. Не е лесно, но сакам да му помогнам на мојот тим, нема да се предадам“, кажа Дончиќ.