Дончиќ болен и повреден го растури Клиперс! (ВИДЕО)

Далас со 30 поени разлика го победи Клиперс во Лос Анџелес, беше 123-93 за тимот од Тексас, а главен на теренот беше Лука Дончиќ, Бостон дојде до уште еден убедлив триумф над Мајами и се пласираше во полуфиналето на истокот.

Далас ја врати предноста која ја загуби на претходниот меч, Дончиќ и соиграчите не само што победија, туку му оддржаа лекција на противникот. Пол Џорџ и Џејмс Харден беа делеку од нивото на претходниот меч.

Дончиќ беше убедливо најдобриот на теренот, постигна 35 поени, имаше и 10 асистенции, следен најефикасен кај Далас беше Клебер со 15 поени. Во составот на Клиперс Пол Џорџ и Зубац постигнаа по 15.

Дончиќ подолго време се мачи со повреда на десното коло, а за овој меч беше и болен, но и покрај тоа доминираше на паркетот.

„Голем меч. Сега мора да добиеме еден од следните два натпревари. Мора да играме на ист начин. Болеста ми ја отежна работата, коленото не ми е баш добро, но адреналинот е тука кога играше во плеј-оф. Кога ќе почне мечот, сакаш само да победиш“, рече Дончиќ по мечот.

Бостон со 118-84 го совлада Мајами и ја доби серијата со 4-1. Селтикс немаа проблем против противникот кој се мачи со повреди во своите редови.

Браун и Вајт постигнаа по 25 поени за Бостон, најдобар во составот на Мајами беше Адебајо со 23 поени.

Резултати:
Бостон - Мајами 118-84 (4-1)
ЛА Клиперс - Далас 93-123 (2-3)