Денвер ги изолира браќата Јокиќ по инцидентот на трибините (ФОТО)

Браќата Јокиќ пред неколку дена учествуваа во инцидент на трибините, кога Страхиња удри навивач во глава, поради што Денвер реши да ги изолира за петтиот меч против Лос Анџелес Лејкерс.

За да не се случуваат идентични работи, Страхиња и Немања беа изолирани од останатите навивачи, односно беа во ложата.

На крајот нивниот брат Никола Јокиќ им донесе радост затоа што со помош на неговите соиграчи го елиминира Лејкерс.