Брутален трипл-дабл на Јокиќ, ама Лејкерс се спасија од „метла“ (ВИДЕО)
За разлика од претходните два меча во кои имаа водство, па потоа колабираа, сега Леброн и компанија водеа во текот на сите 48 минути и не дозволија противникот да направи пресврт. Меѓу другото, проработе клупата на Лејкерс која претходно беше слаба точка на тимот, а домашните кошаркари успеаја да ги запрат соиграчите на Јокиќ, пред се резервите кои немаа голем ефект и тоа се одрази на резултатот.
Во последната четвртина, Лејкерс водеа и со 19 разлика, Денвер се доближи на -7, но ниту имаше време, ниту сили за целосен пресврт. Јокиќ оствари брутален трипл-дабл со 33 поени, 14 скока и 14 асистенции, Портер заврши со 27 поени и 11 скока, а Мареј додаде 22 поена, но со лош шут од игра (9/23). Кај Лејкерс, Леброн Џејмс постигна 30 поени, а Дејвис блескаше со 25 поени, 23 скока и 6 асистенции.
Серијата сега се враќа во Денвер каде шампионот треба да ја доврши работата и да се пласира воо конференциското полуфинале
РЕЗУЛТАТИ
Орландо - Кливленд 112-89
Њу Орлеанс - Оклахома 85-106
Мајами - Бостон 84-104
ЛА Лејкерс - Денвер 119-108