Реал Мадрид ја елиминира Басконија, Фенербахче го надигра Монако

Вечерва беа одиграни два меча од четвртфиналето на кошаркарската Евролига, при што Реал Мадрид славеше против Басконија со 102-98 и обезбеди место на Ф4-турнирот, додека Фенербахче го совлада Монако со 89-78.

„Кралскиот клуб“ водеше голема борба против Басконија, а на полувремето имаше негатива од 52-56, меѓутоа во вториот дел се разигра и го скрши отпорот на ривалот (102-98).

Хауард беше најефикасен кај Басконија со 29 поени, додека Јабузеле постигна 23 поени и седум асистенции за „кралевите“.

Фенербахче поведе со 2-1 во четвртфиналната серија против Монако, откако вечерва триумфира со 89-78.