Мајсторот останува мајстор: Докузовски без пораз го внесе МКК Куманово во Првата лига!

Екипата на МКК Куманово предводена од поранешниот македонски селектор, Марин Докузовски го завери пласманот во Првата лига. 

Денеска Куманово славеше убедлива победа над Ангели од 71-56 и со 2-0 ја затвори полуфиналната серија, обезбеди финале, а со тоа и место во елитата.

Куманово немаше многу мака по вторпат да го совлада противникот, момците на Докузовски одиграа уште еден квалитетен меч, покажаа дека се значително подобри и лесно го добија дуелот со 15 поени разлика.

За второто место кое носи во Првата лига се борат Маџари и Шкупи. Екипата од Чаир има предност од 1-0.