Пред 30 години цел свет плачеше поради Аиртон Сена (ВИДЕО)

На денешен ден, пред 30 години, загина легендарниот возач во Формула 1, Аиртон Сена за време на трката за Големата награда на Сан Марино.

Трката се возеше на 1 мај 1994 година, кога Сена во петтиот круг при брзина од 307 километри на час удри во ѕидот. Медицинските екипи реагираа брзо, а возачот беше префрлен во болница со тешки повреди на главата.

Инцидентот не ја прекина трката, туку истата продолжи, а победник беше Михаел Шумахер кој таа година ја освои првата од титулите во „најбрзиот циркус“.