ПСЖ загуби во Дортмунд: Фулкруг погоди за минимална победа на Борусија (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд славеше во првиот полуфинален меч против ПСЖ со 1-0 во Лигата на шампиони (ЛШ), а единствениот гол го постигна Никлас Фулкруг.

Натпреварот беше возбудлив од самиот почеток, а до првиот гол се чекаа 36 минути кога Фулкруг излезе пред Џанлуиџи Донарума и ја затресе неговата мрежа.

ПСЖ во вториот дел нападна и се обидуваше да постигне гол, а блиску до такво нешто беа Мбапе и Хакими, кои ја погодија рамката од голот на Кобел.

„Милионерите“ имаа шанса во продолжение од средбата, но Маркињос беше одличен во одбраната и ги спречи ривалите да постигнат и втор гол.

Реваншот меѓу ПСЖ и Дортмунд се игра на „Паркот на принцовите“ на 7 мај.