Дејвис за неговата иднина: Мојот агент води преговори, но не со Реал Мадрид!

Голот на Алфонсо Дејвис не беше доволен за славје на Баерн Минхен на гостувањето кај Реал Мадрид во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), по што почнаа шпекулациите за иднината на левиот бек.

Дејвис доби прашање од новинарите дали кариерата ќе ја продолжи во „кралскиот клуб“, а тој даде краток одговор.

„Дали ќе играм тука во иднина? Во моментов, мојот агент води преговори со Баерн. Што ѝ да се случи, ќе му бидам благодарен на клубот“, кажа Дејвис.