Борусија со предност почнува во Париз, ПСЖ мора да нападне!

Вечерва во 21 часот во Париз ќе почне реванш полуфиналниот меч од Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд, германскиот претставник има предност од 1-0 по првиот дуел.

Денеска ќе го дознаеме првиот финалист во Лигата на шампионите, Дортмунд ќе почне со предност, но улогата на фаворит уште ја има ПСЖ.

Ова ќе биде четврти дуел на овие два тима оваа сезона, тие играа заедно и во групната фаза од натпреварувањето. Тогаш во Париз победи ПСЖ со 2-0, а во Дортмунд беше нерешено.

За Килијан Мбапе ова ќе биде посебен меч, тој сака да стигне до крајот на Лигата на шампионите во неговата последна сезона како играч на ПСЖ, напаѓачот ќе даде се од себе за тоа да се случи, но и Дортмунд има свои математики и нема да се појави со бело знаме.