Трагедија: Млад фудбалер почина на терен откако со глава удри во ѕид (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Тоа што беше радосен ден за почетокот на сезоната во Бела Виста лигата во Кориентес (Аргентина), се претвори во трагедија по смртта на еден од фудбалерите кој среде натпревар удри со глава во ѕид.

Станува збор за Анхел Оједа (23), кој ги бранеше боите на клубот Педро Фере, а трагедијата се случи на нивниот дуел против Ситрекс. Несреќното момче настрада во десеттата минута од второто полувреме, кога со глава удри во ѕид на работ на теренот, кој немаше никаква ограда за одвојување.

Оједа веднаш бил префрлен во болница, каде што починал набргу поради крварење во мозокот како последица на тешка траума. Клубот Педро Фере се збогува од својот фудбалер пред клупските простории, со аплаузи и знамиња додека поминуваше погребната поворка.