Роналдо повторно беснееше, може да биде среќен што не доби - црвен! (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо имаше нов испад на меч од првенството на Саудиска Арабија, добро е што помина само со жолт картон.

Ал Наср со 3-2 победи на гостувањето кај Ал Акхдоуд, еден гол даде Роналдо, а два беа дело на Марсело Брозовиќ.

Португалецот можеше и предвреме да го заврши натпреварот откако влезе во жесток дуел со судијата. Да беше во Европа веројатно ќе добиеше и црвен за ваквото однесување.