Тонали се почувствувал виновен и сам побарал Њукасл да му ја намали платата!

Тренерот на Њукасл, Еди Хоу потврди дека Сандро Тонали самиот побарал од клубот да му биде намалена платата додека ја издржува суспензијата поради обложување.

Италијанскиот фудбалер издржува десет месечна суспензија поради обложување, тоа беше казна од Италијанската фудбаска федерација.

Тонали доби казна и од ФА поради обложување додека бил во Англија, но суспензијата не му беше продолжена.

Еди Хоу потврди дека Тонали самиот побарал да му биде намелна платата.

„Точно е, самиот сакаше да му биде намалена платата, се чувствуваше виновен... на тој начин сакаше да му покаже на клубот дека жали што го направил тоа“, рече Хоу.

„Тој е посветен сето ова да остане зад него и да го сфати како поука за во иднина“.