Силва се врати во татковината - ќе игра за матичниот клуб! (ФОТО)

Бразилскиот дефанзивец Тијаго Силва пред неколку денови со солзи во очите се збогуваше од Челси, а денеска официјално потврди дека се враќа во матичниот клуб, односно Флуминенсе.

Силва ги направи првите фудбалски чекори во академијата на Флуминенсе, каде што играше од 1998 до 2000 година, па сега ќе се обиде да му помогне на бразилскиот тим во предизвиците за новата сезона.

Искусниот фудбалер во текот на карирата освои голем број титули, а играше за Милан, ПСЖ, Челси и други екипи.