Роналдо го продава Ваљадолид!

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо, објави дека го продава Ваљадолид, веќе има и заинтересиран купувач.

Роналдо е сопственик на 82 проценти од акциите на Ваљадолид, тој одби 28,7 милиони евра од градежната компанија Инексо која сакаше да купи 66 проценти од акциите кои ги поседува Бразилецот.

Понудата на Инексо дојде по три недели откако Роналдо објави дека би можел да го продаде Ваљадолид откако претходно ги продаде своите акции во Крузеиро.

Вредноста на акциите на Роналдо се проценува меѓу 40 и 50 милиони евра ако Ваљадолид е второлигаш и 70 и 80 милиони евра ако е член на Ла Лига. Што е далеку од понудата на Инексо.

Се верува дека преговорите меѓу двете страни не се завршени, ќе продолжат и во наредниот период.