Револуција: Во Премиер лигата се воведува „селери кап“, против се само - три екипи!

Предводниците на Премиер лигата подготвуваат револуција, откако екипите од ова натпреварување на денешниот состанок во Лондон разговарале за ограничувањето на трошоците на екипите.

Повеќето премиерлигаши се согласиле на некаков вид ограничување на трошоците, а против биле само три тима Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Астон Вила, додека Челзи бил воздржан. Според англиските медиуми, една од опциите за ограничување на трошоците е поврзана со трансфери и плати на играчите. Предложено е максималниот износ за трошење на овие ставки е износ пет пати поголем тој што последно пласираниот клуб го добива од ТВ правата. На пример, ако најлошата екипа добие 50 милиони евра од приходи од ТВ, ниту еден друг клуб во Премиер лигата нема да смее да ја надмине границата од 250 милиони евра.

Ова засега се е на ниво на на начелен договор, бидејќи е јасно дека челниците на англиското натпреварување нема да донесат никаква одлука „преку ноќ“ и дека ова е само почеток на преговорите.

„Ќе почекаме да ги видиме сите детали од предлогот, но не се спротивставуваме да има ограничување од тој вид“, соопштија од Синдикатот на фудбалерите од Премиер лигата.

Премиер лигата на овој начин да ја запре доминацијата на супер богатите клубови и на некој начин да ја израмни конкуренцијата, па дури и тие екипи од дното на табелата донекаде да им парираат на гигантите од врвот.