Рехабилитацијата на Гави не оди според очекувањата, ќе се врати дури во 2025 година

Еден од најголемите шпански таленти Гави најверојатно ќе мора да паузира уште 7-8 месеци по тешката повреда што ја доживеа во ноември 2023.

Тинејџерот тогаш ги скина предните вкрстени лигаменти, но во исто време доживеа и руптура на менискусот поради што процесот на заздравување е дополнително искомплициран. Се очекуваше тој да се врати на терените во септември-октомври 2024, но рехабилитацијата не оди според очекувањата и паузата најверојатно ќе биде дополнително продолжена.

Можно е во ноември или декември да почне да тренира нормално со остатокот од екипата на Барселона, но стандарден првотимец, според медицинскиот персонал на клубот, би станал дури во јануари 2025 што е огромна пауза за него во оваа фаза од кариерата.