Реал ја одреди иднината на Модриќ, навивачите можат да бидат задоволни

Цела сезона се зборува за можното заминување на Лука Модриќ од Реал, по 12 години поминати во клубот.

Шпанските медиуми сега тврдат дека ситуацијата во меѓувреме се променила и дека претседателот Флорентино Перез нема ништо против, хрватскиот ас да остане барем уште една сезона. Со тоа се согласува и Карло Анчелоти, но и соиграчите на Модриќ кои исклучително го сакаат и почитуваат 38-годишниот плејмејкер. Оваа сезона тој добиваше помала минутажа и често беше несреќен поради тоа, но сега ја прифатил таквата улога и нема против да влегува во игра по потреба и да биде во функција на тимот.

Со Модриќ се врзани најголемите успеси на тимот во новиот милениум, откако тој дојде, Реал освои пет титули во Лигата на шампионите и чекори кон шестата и секако неговото име ќе биде запишано како една од легендите на клубот.