По пауза од шест години, играчот на месецот во Премиер лигата е од Челси

Младиот англиски репрезентативец Кол Палмер е прогласен за играч на месецот април во Премиер лигата.

Звучи неверојатно, но тој е прв фудбалер на Челси по пауза од шест години кој го добива ова ласкаво признание. Последниот кому му припадна е Еден Азар во 2018 година.

Палмер имаше фантастичен април во кој, меѓу другото постигна хет-трик против Манчестер Јунајтед и четири гола во дуелот со Евертон, натпревари кои Челси ги доби со 4-3, односно 6-0. Нему му припадна и наградата за гол на месецот април.