Нотингем Форест не се спаси од казната - остана без четири бода!

Премиерлигата не ја прифати жалбата на Нотингем Форест за одземањето на четири бодови поради кршење на финансискиот фер-плеј.

Нотингем Форест на 18 март доби казна и му ги одземаа бодовите, по што реши да бара правда, но немаше среќа со жалбата.

Ова значи дека Нотингем Форест ќе остане на 17. место во лигата со 29 бодови, а до крајот на сезоната треба да игра против Челси и Барнли, односно сè уште не му е сигурно местото во елитата.