На мечот меѓу Интер и Торино е испишана историја во Серија А!

Денешниот дуел меѓу Интер и Торино ќе влезе во историјата на Серија А како прв меч на кој сите три судии биле жени.

Главна судијка на натпреварот е Марија Соле Фериери Капути која го суди нејзиниот 10. меч во Серија А.

Но, првпат и линиските судии се девојки. Судиската тројка ја комплетираат Франческа Ди Монте и Тициана Траскиати.

Овие три судијки заедно веќе имаат судено меч од Серија Б, дуелот меѓу Фросиноне и Тернана во декември 2022, како и куп дуелот меѓу Наполи и Кремонезе во јануари 2023.

Денешниот меч е прв во Серија А кој ќе биде суден од три судијки.