На фановите не им се допадна резултатот па направија нереди, судијата свирна крај во 89. минута! (ВИДЕО)

Натпреварот од 36. коло од втората француска лига меѓу Троа и Валенсиен не го дочека својот крај, судијата го прекина во 89. минута поради нереди кои ги направија домашните навивачи.

Троа се бори за опстанок кој не зависи само од нив. Вчера играа со веќе испаднатиот Валенсиен и очекуваа сигурна победа, но работите не одеа според планот.

Резултатот беше 1-1, а навивачите бесни од тоа што го гледаат во финишот од мечот почнаа да фрлаат бакли на теренот. Играчите возвратија и ги фрлаа баклите на трибината кон фановите. Инцидентот се прошири, па судијата го прекина мечот пред да истечат 90. минути.

Дуелот засега се води како прекинат.