Мојс се радува: Среќен сум што Клоп си оди
Иако целата ситуација ја тераше на шега, шкотскиот стручњак призна дека никогаш не му било лесно на натпреварот против Клоп.
„Мило ми е што си оди, превисок е, има преблескави заби... Не сакам тоа да го кажам бидејќи работев во клубовите кои му беа ривали на Ливерпул. Клоп е преважен за овој Ливерпул, тој е главен. Држеше под контрола еден голем клуб што не е лесно“, изјави Мојс.
Клоп си заминува по девет години поминати на Енфилд, но последната сезона не може да се оцени како успешна бидејќи остана само со трофеј од Лига купот.