Милан си најде напаѓач: Соиграч на Елмас за рекордна сума се сели на Сан Сиро

Седумкратниот европски шампион Милан планира да го засили нападот во летниот преоден рок и тоа со фудбалер кој би станал најскап во историјата на клубот.

Станува збор за словенечкиот голгетер Бенјамин Шешко кој во моментов е член на Лајпциг и сезонава во Бундеслигата на 29 натпревари постигна 12 гола. Неговата вредност се проценува на 40 милиони евра, но Милан е подготвен да плати 60 милиони што би бил нов клупски рекорд. Сегашниот го држи Рафаел Леао кој во 2019 година се пресели на Сан Сиро од Лил за 49,5 милиони евра.

Сепак, дозвола за трансферот ќе мора да даде Лајпциг имајќи предвид дека Шешко е под договор до 2028 година. Лани тој се пресели од Салцбург за 24 милиони евра, па ова ќе биде можност за добра заработка.