Милан под притисок од навивачите се откажува од Лопетеги!

„Газета дело Спорт“ пишува дека раководството на Милан се предомислува околу изборот за нов тренер по бурните реакции на фановите.

Пред извесно време излезе информацијата дека Милан го одбрал Хулен Лопетеги како наследник на Стефано Пиоли.

Ваквиот избор не им се допадна на навивачите на Милан, па тие почнаа да протестираат на социјалните мрежи со хаштаг #Nopetegui.

Пораката од фановите стигнала до Гери Кардинале кој решил да се откаже од идејата да го ангажира поранешниот шпански селектор и тренер на Реал Мадрид, Севиља и Вулверхемптон.

Како нов прв кандидат за тренер на Милан сега се споменува Пауло Фонсека.