„Ќе се преселам во Шведска, таму нема ВАР-технологија!“

Тренерот на Тотнем, Анге Постекоглу се пошегува со новинарите дека ќе се пресели во Шведска затоа што во лигата нема ВАР-технологија.

Голем број од европските лиги воведоа ВАР со цел да ги намалат грешките, но очигледно некои не се задоволни од системот.

Во Премиерлигата често има критики поради употребата на ВАР-технологијата, а Постекоглу смета дека се потребни промени.

„Ќе се преселам во Шведска, таму нема ВАР-технологија“, кажа Постекоглу.