Ентони: Не ми е гајле колку платиле за мене – јас си знам колку вредам!

Бразилскиот фудбалер за врска на Манчестер Јунајтед, Ентони, денеска потенцира дека критиките што редовно ги добива сезонава само ги зголемуваат неговите амбиции да се докаже во Манчестер Јунајтед.

Поранешниот член на Ајакс е речиси постојано е критикуван за неговите лоши игри откако пристигна на „Олд Трафорд“ пред речиси две години, за што доказ е фактот што дури во саботата против барнли (1-1)го постигна првиот гол сезонава во Премиер лигата.

„Сезонава е многу тешка и за мене и за целиот тим бидејќи нашите резултати не се онакви какви што очекувавме. Јас сум еден од оние луѓе кои прифаќаат критики. Тоа ме тера да работам на моите слабости. Мислам дека сите во тимот сме фокусирани да ја завршиме сезоната на најдобар можен начин“, изјави 24-годишниот Бразилец.

Сер Џим Ретклиф, кој е на чело на компанијата која има мнозински удел во тимот од „Олд Трафорд“, веќе навести дека повеќе нема да се прават трансфери како тој на Ентони, за кого беа во 2022 година беа платени 100 милиони евра.

„Сумата што беше платена не ми влијае, зошто знам колку вредам. Парите се пари и сите зборуваат за тоа, но доколку сите во тимот, вклучително и јас, настапувавме на највисоко ниво, никој нема да обрнува внимание. Тоа е причина да работам уште повеќе бидејќи знам дека можам да бидам подобар. Свесен сум колку вредам“, дополни Ентони.

Манчестер Јунајтед и покрај лошата сезона може да ја заврши со трофеј доколку го победи Манчестер Сити во финалето на ФА Купот. Дури и тоа можеби нема да биде доволно менаџерот Ерик тен Хаг да го задржи своето место во клубот, особено по доаѓањето на компанијата „Инеос“ како сопственик на „црвените ѓаволи“.