Деко и Ханси Флик на состанок во Лондон, Германецот би можел да биде наследник на Чави!

Каталонските медиуми пишуваат дека прв избор на раководството на Барселона за нов тренер е германскиот стратег Ханси Флик.

Се очекува по последното коло во Примера, Чави да добие отказ од кормилото на Барселона, а тимот во новата сезона да има друг тренер.

Изборот паднал на Ханси Флик, Деко отпатувал во Лондон каде треба да има состанок со германскиот стратег и неговиот агент.

Доколку двете страни успеат да се договорат, тој треба да биде новиот тренер на Барселона.