Дебакл: Манчестер јунајтед загуби со 4-0 од Кристал Палас, а можеше и - повеќе! (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед доживеа тежок пораз на гостувањето кај Кристал Палас, тимот на Ерик Тен Хаг беше понижен во Лондон каде прими дури четири голови, а не даде ниту еден.

Ново разочарување за навивачите на Манчестер јунајтед, нивниот тим доживеа дебакл кај просечен тим од Премиерлигата.

Според тоа како се одвиваше натпреварот Манчестер јунајтед може да биде среќен што прими само четири голови, Кристал Палас постојано напаѓаше и создаде многу шанси од кои реализираше само четири.

Олисе ја отвори серијата во 12. минута и ја затвори во 66. минута од натпреварот. Голови постигнаа и Матета и Мичел.

Манчестер јунајтед сега е на осмата позиција на табелата со негативна гол разлика од -3 голови.