Чави: Имам многу енергија и желба, возбуден сум за - следната сезона!

За разлика од пред неколку месеци, Чави Ернандез сега вели дека е полн со енергија си со нетрпение ја очекува следната сезона.

Чави неодамна се предомисли и реши да остане тренер на Барселона и во следната сезона. Сега е полн со енергија и желба за успех.

„Имам многу сила, енергија и желба. Многу сум возбуден за да го подготвам тимот за следната сезона“, вели Чави на прес-конференција.

„Мислам дека имаме шанса да се бориме за титула следната сезона. Но, тимот и оваа сезона има желба да ја заврши на највисоко ниво“.

„Во моментов играме добро. Нашата цел е да завршиме на второто место и да се квалификуваме за шпанскиот Суперкуп“.