Баерн доби нова „корпа“: Рангник ќе остане селектор на Австрија
Баерн преговараше со Рангник за да го преземе клубот од следната сезона, а дури и новинарот Фабрицио Романо објави дека двете страни се блиску до договор, меѓутоа стратегот се премислил.
„Јас ја тренирам Австрија со моето срце. Останувам во репрезентацијата и мојот фокус е на Европското првенство“, кажа Рангник.
Ова е трета „корпа“ за поранешниот германски шампион, откако претходно не се договорија со Чаби Алонсо и Јулијан Нагелсман.