Хаос во БиХ: Даде нефер гол додека сите стоеја, па ќе предизвикаше општа тепачка (ВИДЕО)

Бизарна сцена беше видени на првенствениот фудбалски натпревар помеѓу Јединство Бихаќ и Младост Добој Какањ во меч од 24. коло од Првата лига на БиХ (втор ранг) и тоа во 70. минута при водство на домашните со 2-0.

Тогаш фудбалер на домаќинот падна на теренот и се пожали на повреда пред шеснаесетникот на ривалот, а гостите кои во тој момент стигнаа до топката застанаа да му помогнат на повредениот, што беше прифатено од сите освен од еден играч на Јединство. Енсар Имамагиќ додека сите стоеја се прикраде, ја зеде топката и постигна гол.

Тоа секако предизвика бурни реакции кај гостите, а можеше да дојде и до посериозен инцидент кога домашниот тим скокна во одбрана на својот соиграч. Фудбалерите на Младост потоа во знак на револт седнаа на тревата и накратко ја прекинаа играта. Таа ситуација можете да ја погледнете на следното видео, на 2:28 минути.