Зверев е третиот полуфиналист во Мајами!
Зверев игра одлично во 2024, тоа го потврдува и во Мајами каде се пласира во полуфиналето.
Тој речиси рутински во два сета го помина Фабијан Марошан, беше 6-3 и 7-5 во сетови.
Во полуфиналето Зверев ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Карлос Алкараз и Григор Димитров.
Претходно, првата полуфинална двојка ја формираа Јаник Синер и Данил Медведев.