Ѓоковиќ конечно дозна против кого ќе игра на стартот од мастерсот во Рим!

Новак Ѓоковиќ го прескокна првото коло, како и сите други носители на мастерсот во Рим, а сега, еден ден подоцна поради проблемите со времето, дозна кој ќе му биде прв ривал.

Станува збор за Корентано Муте, кој на стартот од овој турнир го совлада Роман Сафиулин (3-6, 7-6, 6-2).

Србинот досега само еднаш играше против ривалот од Франција и тоа на мастерсот во Париз во 2019 година, кога го победи со 7-6, 6-4.