Алкараз ептен фуриозно до место во осминафиналето на мастерсот во Мадрид!
Тој доминираше од првиот до последниот гем и во ниту момент не му даде шанса на противникот да размислува барем за освоен сет, па на крајот сите дилеми ги реши за само нешто повеќе од еден час.
Алкараз во осминафиналето ќе се соочи со Германецот Јан Леонард Штруф, кој во два сета го елиминираше Уго Амбер од Франција.