Одбојкарите имаат нов селектор, Миленковски во иднина само ќе - помага!

Македонската одбојкарска репрезентација направи неочекувани промени пред Европската златна лига и квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2026 година, откако на селекторското столче беше поставен Хари Наковски.

Наковски ќе биде селектор на одбојкарите во иднина, а досегашниот предводник Јошко Миленковски ќе остане во репрезентацијата, но ќе има друга улога, односно ќе помага во работењето на стурчниот штаб.

Македонија ќе одигра шест натпревари во Европската златна лига, а возбудувањата ќе ги почне на 17 мај против Естонија, по што треба да игра против Чешка, Азербејџан, Белгија, Хрватска и Шпанија.