Митровски славеше против Павловиќ, триумфи и за Нелсон и Мировски
Митровски имаше жестока борба во конкуренција на К1 постари јуниори против Алекса Павловиќ, но на крајот излезе како победник од рингот.
Нелсон со одлука на судиите го победи Лазар Татиќ, откако тргна лошо во борбата и заработи повреда, но потоа успешно се врати и испрати неколку силни удари со кои го погоди Србинот.
Мировски славеше против Вук Митровиќ со нокаут во втората рунда од настанот, додека македонската кикбоксерка Викторија Варадинова беше поразена од Теодора Видиќ.