Чудо на Велигден: Стојоски урна државен рекорд стар дури - 44 години!

Македонскиот атлетичар, Јован Стојоски собори уште еден државен рекорд, овојпат ја помести границата на 400 метри со пречки.

Стојоски го освои првото место на меѓународниот митинг во Марибор на трката на 400 метри со пречеки за време со време од 53,65 секунди.

Претходниот рекорд беше време од 55,11 секунди истрчан во далечната 1980 година.