НБА жестоко го казни соиграчот на Јокиќ за бесот искажан по вториот пораз од Минесота (ВИДЕО)

Тимот на Денвер нагетс ги загуби првите два натпревари на домашен терен против Минесота тимбервулфс од полуфиналната серија на Западната конференција, на кои канадскиот кошаркар Џамал Мареј воопшто не импресионираше, а особено потфрли во вториот натпревар.

Канаѓанецот им покажа на судиите дека се платени, им се впушти во лице и аплаудираше по контроверзните одлуки, а потоа фрли парче медицинска опрема кон еден од тројцата судии, предмет кој ја подобрува циркулацијата и испраќа крв до делот од телото на кој е прикачен. Затоа, НБА реши жестоко да го казни. Иако имаше индикации дека Мареј може да биде дури и суспендиран, сепак казната за бекот на Денвер ќе биде само парична и тоа дури 100.000 долари.

Канаѓанецот на првите два меча меѓу Денвер и Минесота на теренот мина 70 минути и за тоа време постигна само 25 поени, со исклучително слаби проценти на шут. Погоди 7/24 за два поени, додека за три имаше само два погодени од осум обиди.