ПСЖ со тројца напаѓачи ќе брка победа против Дортмунд (ФОТО)

Францускиот шампион ПСЖ вечерва ја пречекува Борусија Дортмунд во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) и ќе брка негатива од еден гол од првиот натпревар.

Тренерите на двете екипи ги избраа составите за вечерашниот спектакл, а стратегот на парижаните Луис Енрике се реши за тројца напаѓачи, додека Един Терзиќ ќе иде повнимателен на гостувањето во Париз.