Новинарите му додадоа „сол на рана“ на Мбапе по болната елиминација од Дортмунд (ВИДЕО)

Францускиот репрезентативец, Килијан Мбапе, беше убедливо најразочараниот во таборот на ПСЖ по синоќешниот пораз на домашен терен од Борусија Дортмунд (0-1) и елиминацијата во полуфиналето од Лигата на шампионите.

За него ова беше последен обид да дојде до најдрагоцениот трофеј, со оглед што летово речиси сигурно ќе направи трансфер во Реал Мадрид. Токму ова беше причина што новинарите во микс-зоната се дрзнаа дури и да го прашаат дали денеска ќе навива за „кралевите“ во пресметката со Баерн Минхен, која по првата средба во Германија заврши со резултат 2-2.

Мбапе само дрско го погледна човекот што го праша и без да каже збор си замина во соблекувалната.