Ѓорческа ja изненади Кудерметова на фјучерсот во Трнава

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа славеше против Полина Кудерметова со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-4 со што обезбеди осминафинале на фјучерс-турнирот во Трнава, Словачка.

Ѓорческа го искористи лошиот старт на Русинката и направи брејк за водство од 1-0, а потоа уште еднаш ѝ го одзема сервисот на противничката за предност од 4-1. Големата борба продолжи и во следните три гема кога Кудерметова направи два брејка, но македонската тенисерка возврати и славеше со 6-4 во првиот сет.

Во вториот сет повторно беа забележани голем број брејкови на двете страни, и тоа повторно Ѓорческа направи еден повеќе (три вкупно) за да слави против Русинката со 6-4.

Македонката во осминафинале ќе игра против победничката од мечот меѓу Маи Хонтама и Радка Зелницкова.