Време му е за пензија: Кариус лобуван од - 40 метри! (ВИДЕО)

Голманот на Бешикташ, Лорис Кариус, не престанува да разочарува со своите настапи, а во дуелот против Сарпсборг во Лига Европа прими неверојатен гол од 40 метри.

Ова не е првпат германскиот голман да направи глупава грешка, па навивачите почнаа да го покажуваат незадоволството на социјалните мрежи, а тоа можеби значи дека Кариус наскоро ќе се пресели на клупата на турскиот клуб.