Тргна да го слави голот, ама пропадна во дупка! (ВИДЕО)

АЕК Ларнака, во кој играат Иван Тричковски и Даниел Мојсов, загуби со 0-1 од Цирих, а единствениот гол на мечот не беше прославен како што треба. Кололи погоди од белата точка, па потоа ги прескокна заштитните огради за да слави со навивачите, ама кога ја скокна втората не очекуваше дека дупката долу е претерано длабока.