Топка со очи на Асенсио и фантастичен гол на Бејл! (ВИДЕО)

Реал Мадрид и вторпат вечерва во „Ел Класико“ изедначи откако Барселона поведе. Резултатот е 2-2, откако Герет Бејл постигна фантастичен погодок, од прва, од работ на шеснаесетникот. Меѓутоа, заслуга има и Марко Асенсио, кој, само што влезе од клупа, му даде една лукава топка по земја, меѓу одбраната на Барселона.