Стоилов главна ѕвезда во спотот со кој СЕХА го најави фанајлфор-турнирот во Скопје! (ВИДЕО)

Раководството на СЕХА-лигата на интересен начин, со специјален видео-спот, го најави фајналфор-турнирот кој за нешто повеќе од еден месец ќе се одржи во скопски „Јане Сандански“. Главна ѕвезда во него е капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, а во него се појавуваат и ракометари од останатите три екипи кои ќе настапат на завршницата - ППД Загреб, Мешков Брест и Целје.