Сидорф ги воодушеви своите фудбалери со фантастичен потег (ВИДЕО)

Кларенс Сидорф со сите сили се обидува да го спаси Депортиво од испаѓање во втората шпанска лига. 

Неговиот тим успеа да врзе две победи во претходните две кола, но вечерва на „Ријазор“ пред своите гледачи одигра само 0-0 против Севилја. На натпреварот што се одигра минатото коло на „Сан Мамеш“, неговиот тим славеше со 2-3 против Атлетик Билбао, а легендарниот Холанѓанец уште еднаш покажа дека талентот е вечен.

Кон него крај аут-линијата дојде една висока топка, а Сидорф без мака и со скрстени раце мајсторски ја стопираше. Овој негов потег ги воодушеви фудбалерите кои беа на клупата, а можеби и ги инспирираше оние на теренот да дојдат до победата на тешкото гостување.