Што се случува на „Емирати“? Остерсундс го гази Арсенал за неполно полувреме! (ВИДЕО)

Арсен Венгер мислеше дека ќе има детска прошетка на „Емирати“ против Остерсундс, откако на гости славеше со 3-0, па извади и комбиниран состав, но во 24 минута резултатот веќе беше 0-2 за Швеѓаните. За само две минути, „топчиите“ ги снајде шок и примија два гола, прво преку Ајеш, а потоа се истакна и Сема.