Се случи и тоа чудо: Милан постигна гол! (ВИДЕО)

Милан ја прекина очајната низа без гол и вечерва конечно го постигна првиот по дури четири натпревари пауза. Саму Кастилјехо ја прекина ужасната низа на „росонерите“, кои имаа најлоша низа уште од 1984 година. 

Шпанецот погоди на „Сан Сиро“ за да израмни на 1-1 против СПАЛ, кој изненадувачки поведе преку Андреа Петања.