Ривер повторно стигна до израмнување на „Бомбоњера“ (ВИДЕО)
Бока стигна до предност во 34. минута преку Рамон Абила, а Лукас Прато израмни на 1-1 само две минути подоцна. А, во самиот финиш на полувремето домаќините погодија повторно преку Дарио Бенедето за водство од 2-1 по првите 45 минути.
Сепак, до ново израмнување стигна Ривер преку автоголот на Карлос Искердиос во 61. минута.